Управата за заштита на културното наследство има помалку од половина милион евра за експропријација, санација и реставрација на Аквадуктот, кој се наоѓа во сериозно лоша состојба.
Очекувањата се дека процесот на експропријација ќе заврши до крајот на годинава, за да може конзерваторите да почнат со сериозна санација на овој значаен објект од историјата.













