„Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид вчера попладне приведе 40-годишен маж кај селото Мали Влај, Струшко.
Од МВР информираат дека , Б.Т. бил лишен од слобода околу 15:45 часот во рамки на активностите за сузбивање на недозволената трговија со дрога. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
За случајот е известен и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.













