Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнуваат уписите на УКИМ

/

Македонија

Сподели преку :

Од денеска, 3 септември, почнува физичкото запишување на примените кандидати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Главниот уписен термин е 3 и 4 септември, но распоредот, работното време, потребните документи и дополнителните трошоци се разликуваат од факултет до факултет.

Кандидатите треба да достават индекс, студентска легитимација, пријавни листови, фотографии, потврда за уплата од 750 денари за ИКСА на УКИМ и други документи и уплати предвидени од факултетот.

Посебно внимание треба да се посвети на распоредите.

На ФИНКИ и Економскиот факултет запишувањето е организирано според студиската програма, односно департманот, а пропуштањето на определениот термин може да значи губење на местото. Затоа кандидатите треба внимателно да ги проверат известувањата на својот факултет и, доколку го пропуштат терминот, веднаш да се обратат во студентската служба.

Еден од клучните документи е електронскиот образец ВОИ.20, кој се пополнува преку Националниот портал за е-услуги. За него е потребен активен кориснички профил, а по поднесувањето системот генерира образец и потврда кои факултетите може да ги бараат испечатени.

Бидејќи дел од факултетите предупредуваат дека без ВОИ.20 нема да може да се заврши уписот, кандидатите не треба да го оставаат неговото пополнување за последен момент.

Jumbo 2