Почина 13- годишното дете кое во тепачка во Чаир беше прободено со нож во срце – потврдија за Телма од ТОАРИЛУЦ.
Детето беше примено во болница ноќта на 31 август во животнозагрозувачка состојба по повреди здобиени во тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“. По речиси еден месец борба за живот, детето почина во текот на вчерашниот ден.
Во тепачката учествуваа четири малолетни деца, и едно полнолетно.
Обвинителството отвори истрага против 19 годишник за кривиното дело насилство. Според Обвинителството, осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност извршиле насилство врз едно дете и полнолетно лице и им нанеле тешки телесни повреди со убоди од нож. Полесно беше повредено уште едно дете.

Улична тепачка, ножеви и бејзбол-палки, а на крај тринаесетгодишно дете се бори за живот. Крвавиот инцидент се случил на улицата „Македонско-косовска бригада“ на територија на Чаир, соопштува полицијата. Во тепачката учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице. Еден од малолетниците, роден во 2012 година, признал дека користел нож. Но, дали токму со… Продолжи со читање

Тринаесетгодишно дете се бори за живот, откако било избодено со нож во тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“, дознава Телма. Според болнички извори, детето е во исклучително тешка здравствена состојба. Во инцидентот учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице, велат за Телма извори од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во тепачката биле употребени… Продолжи со читање













