Вкупно 187 јавни обвинители денеска со тајно гласање избираат нов раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
За функцијата се пријавени пет кандидати: Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.
Гласањето се одвива од 8 до 16 часот, по што резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.

Кој ќе биде на првата линија на Обвинителството што гони организиран криминал и корупцијата во зeмјава. Колку далеку ќе биде подготвен да оди? Kако ќе обезбеди независност од политички и други влијанија и по кои резултати ќе се мери успехот? Дали обвинителството ќе води истраги до крај и кога трагите водат до моќните и политичарите ?… Продолжи со читање
Кандидатите претходно ги претставија своите програми пред Советот на јавните обвинители, при што во фокусот беа зајакнувањето на истражните капацитети, борбата против корупцијата и перењето пари, финансиските истраги и поефикасното работење на Обвинителството.
Дел од приоритетите се однесуваат и на зајакнување на независноста на институцијата.
Изборот се спроведува поради истекувањето на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој беше избран во октомври 2022 година.
Постапката ја спроведува комисија формирана од Советот на јавните обвинители, во состав Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова.













