Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет активни пожари беснеат на територијата на Македонија

/

Македонија

Сподели преку :

Пет активни и еден под контрола. Вака изгледа состојбата со пожарите кои беснеат на територијата на Македонија. Минатата вечер беше критична на неколку места низ државата, а пожарникарите успеаја да спасат неколку села кои беа под закана да бидат прегазени од огнената стихија и комплетно уништени.

Најтешката битка со огнот се водеше во прилепското село Чаниште каде изгореа десетина куќи, претежно стари и ненаселени, а таму помош на прилепските пожарникари им  дадоа битолските доброволци. Во последен момент беше спасен и манастирот во тетовското село Туденце.

  • „Имаше вистинска драма во селото Чаниште оддалечено триесетина километри од Прилеп. Огнот навлезе меѓу селските куќи, но според информациите кои ги добив додека бев во селото не е изгорена ниту една куќа во која живеат останатите жители. Тоа е добра вест.  Сите жители ноќта ја минаа во своите домови. Изгорени се неколку стари и напуштени куќи, можеби некои се користени за престој од нивните сопственици. Пожарот кој од Велес преминува во Зелениково. Голема благодарност до велешките пожарникари кои со ползење и пробивање низ екстремно густа вегетација полна со трња, изложувајќи се на ризик бидејќи одеа покрај самата линија на огнот и заштитија две села за кои постоеше опасност пламените јазици да навлезат“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)

Точно една недела гори во подножјето на планината Китка кај селото Рамни Габер.

Шумскиот пожар е на непристапен терен, а на него се дејствува и од воздух кога дозволуваат ресурсите на ДЗС.

Активни пожари има и во Јегуновце кој се префрли кон селото Бојане во општина Сарај, во Старо нагоричане и во Македонски брод каде дејствуваат пожарникарите, екипите на македонски шуми и на модулите на ДЗС како и хеликоптерите и ер тракторите. Пожарот во прилепско Чаниште до крајот на денот се очекува да биде ставен под контрола во во моментов единствена таков е пожарот кој вчера изби во депонија на територијата на Делчево.

Огнен Чанчаревиќ

Б.С.

Jumbo 2