Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Партнерите во власта ги испеглаа разликите?!

/

Македонија

Сподели преку :

На зеднички ручек, два ипол часа партнерите во власта ги пеглаа разликите во ставовите. Добија ветување од премиерот дека ќе им излезе во пресрет на барањата, но кога и со каков интензитет, не зависи од него. За барањето на Алијанса со отворањето на уставот да се смени и формулацијата за албанскиот јазик, мислење ќе треба да дадат експертите, но приоритет имаат обврските од преговарачката рамка.

Со Стојанче Ангелов, кој се закани дека ќе ја напушти коалицијата затоа што не се донесе законот за бранителите, ќе разговараат повторно, а промените на Изборниот законик и ветингот ќе се разгледуваат во Собранието.

Ковачевски е убеден дека ќе се најде заеднички јазик и дека коалицијата ќе го задржи форматот. Уште еднаш ги повика и ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон работната група што треба да ги изработи уставните измени, како и да престанат со нападите околу изградбата на автопатиштата.

Далиборка Демјанска Цветановска

Jumbo 2