Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Партиите не кренале раце од Изборниот и Кривичниот законик?!

/

Македонија

Сподели преку :

Партиите не кренале раце од Изборниот законик иако беа блокирани преговорите и помина крајниот рок за него од реформската агенда.  Министерот за европски прашања денеска изјави дека се прават напори да бидат усвоени овој закон и Кривичниот законик, за кој крајниот рок е декември оваа година и кој се бара во сите извештаи на ЕУ.

  • Вие знаете дека тој закон беше едногласно прифатен од повеќе политички фактори, да кажам политички партии кои се дел од Собранието, меѓутоа во последен момент се повлекоа две, не ги поддржаа тие измени. По промената во Министерството за правда веќе има напори за усвојување на тој закон, меѓутоа тоа е во фаза на преговори сè уште. Новиот министер е посветен и на Кривичниот законик, така што сметам дека тоа се закони кои што бараат поширок консензус и поддршка од повеќе нивоа. Министерот работи и се надевам дека ќе успее да се реализира крајната цел , изјави Беким Сали, министер за европски прашања.

Сали уверува и дека се подготвени за нови обврски. Предложиле  околу 25 нови точки што би можеле да ги реализираат и чекаат  Европската комисија да ги потврди или да достави дополнителни барања.Но  побара поголема координација со опозицијата. Околу најавите за реформите на проширувањето што ќе бидат презентирани од еврокомесарката Марта Кос на 30 септември, рече дека нема кратење или олеснување на процесот, туку размислување за негово забрзување, односно, дали процесот што трае со години може да се реализира за две. Потврди и дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе ја посети земјава на почетокот на октомври, во рамки на нејзината турнеја низ сите држави од Западен Балкан, но не кажа какви се  очекувањата од неа.

Тој денеска беше домаќин на меѓурегионалната средба на главните преговарачи од земјите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, како и од Европската комисија и меѓународните партнери.

На средбата беше кажано дека Македонија и останатите држави аспиранти за членство во ЕУ мора да го забрзаат реформскиот процес преку координирана работа меѓу владите, парламентите и политичките фактори.

  • Силна регионална економска интеграција и соработка се чекори за влез во ЕУ. Потребна е тесна усогласеност со единствениот пазар на ЕУ и овозможување на појава на регионален пазар.Овој пристап има важна политичка порака – користа од ЕУ перспективата не почнува со завршување на процесот на преговори, оваа перспектива носи можности сега, ако реформите се имплементираат како што е преземената обврска, рече Бен Нупнау, заменик шеф на делегацијата на ЕУ. Германската амбасадорка, Петра Дрекслер, пак, рече дека денешниот состанок има политички сигнал-да ги спои различните национални околности и фази на интеграција на Западен Балкан, да се спојат искуствата и да се предизвика поблизок дијалог. -Споделувањето на искуствата ќе им помогне на институциите да учат од искуствата на другите и да одговорат поефективно на зададените предизвици, рече Дрекслер.

На средбата беше истакнато дека сите држави очекуваат процесот на проширување да биде транспарентен, заснован на заслуги и на реални интегративни резултати, кои придонесуваат за подобро функционирање на институциите, финансиска стабилност и поголема безбедност.

Далиборка Демјанска

Jumbo 2