Центарот со управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18 часот се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор од кои осум се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати.
Активни се пожарите во Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума), во Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), во Општина Прилеп: с. Чаниште, крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река и крак кон с. Орле, во Општина Новаци (ниска вегетација), во Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (грмушки), во Општина Кичево: с. Горно Строгомиште (стрниште), во Општина Гостивар: с. Тумчевиште (багрем), во Општина Желино: с. Стримница (ниска вегетација), во Општина Охрид: депонија Буково (ѓубре).
Под контрола се пожарите во Општина Гевгелија: с. Прдејци – с. Смоквица (сува трева, трња и напуштени ниви), во Општина Гостивар: с. Ѓоновица – с. Симница (ниска вегетација и грмушки) и во Општина Делчево: Делчево (депонија).
Изгаснати се пожарите во Општина Сарај: с. Рашче (ниска вегетација и мешана шума), во Општина Сарај: с. Раовиќ (ѓубре), во Општина Сарај: с. Семениште (шума и ниска вегетација), во Општина Сарај: с. Грчец (ниска вегетација), во Општина Битола: с. Кременица (ниска вегетација), во Општина Струмица: с. Просениково – с. Сарај (ниска вегетација и ѓубре), во Општина Велес: с. Раштани (сува трева и трња), во Општина Велес: с. Војница (сува трева), во Општина Јегуновце: с. Копанце (мешана шума), во Општина Тетово: ул. 146 во Тетово (ниска вегетација), во Општина Теарце: с. Непроштено (депонија).













