Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, вечерва порача дека Протоколот со Бугарија ќе биде објавен пред да се потпише.
А потпишувањето е предуслов за одржување на првата полиитичка меѓувладина конференција со ЕУ – за како што официјално ќесе се нарекува „почеток на фазата на отворање на процесорт на преговори“.
Османи рече дека во Протоколот, како и во целиот француски предлог нема ништо спорно и дека и Бугарија е незадоволна од предложениот компромис.
- Тие не се задоволни, затоа што треба да признаат македонски јазик, официјално во Европската унија. Тие не се задоволни што нема поглавја, што нема одредници. Единствено што добија е промена на Уставот за да бидат внесени Бугарите. Ништо повеќе нема во францускиот предлог како компромис, освен тоа, рече Османи во интервју за Телевизија 24.













