Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Онколошките лекови обезбедени, но сомнежите за снабдувањето остануваат

/

Македонија

Сподели преку :

Проблемот е надминат и терапијата, која неколку дена доцнеше, сега повторно им се обезбедува на пациентите. Но, доколку за еден месец повторно се појави ваков застој, а не се открие кој добавувач е одговорен, ќе протестираме пред сите надлежни институции, како и пред дистрибутерите, за директно да разговараме и со нив, изјави Ана Марјановиќ од „Хема-Онко“.

Таа додаде дека, иако побарале и добиле зголемен буџет, а тендерската постапка завршила во мај, во текот на целото лето имало прекини и недостиг во набавката на терапиите.

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија соопштија дека поголемиот дел од потребните препарати веќе се пристигнати, додека остатокот се очекува да биде обезбеден во текот на оваа недела.

Оттаму велат дека доцнењата се должат на зголемениот број пациенти, зголемената потрошувачка и состојбите во снабдувањето, притоа нагласувајќи дека третманот на пациентите во ниту еден момент не бил доведен во опасност.

Либерално-демократската партија пак изрази поддршка за онколошките пациенти кои најавија протест пред Министерството за здравство поради недостиг на терапија.

Од партијата велат дека е неприфатливо пациентите наместо во болница, да бараат решение преку протести.

ЛДП предупредува дека проблемот со недостигот на онколошки лекови е системски и бара итно обезбедување на потребната терапија, јавни информации за причините за недостигот и утврдување одговорност за пропустите.

Од партијата порачаа дека здравствениот систем мора да обезбеди континуирана грижа за најтешко болните пациенти и побараа конкретен план со кој би се спречило повторување на вакви ситуации.

Jumbo 2