Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Омбудсманот бара поголем буџет и посилна институционална поддршка

/

Македонија

Сподели преку :

Без финансии за нормално функционирање и за подмирување на основните тековни трошоци како кирии, со дефицитарен кадар и надлежности кои може и треба да се прошират Омбудсманот го дочека стартот на собраниската дискусија на Измените на законот за народниот правобранител, процес кој е почнат уште минатата година со формирање на работна група.

Целта е Народниот правобранител, како институција, да добие цврсти институционални темели и државна поддршка за да може максимално ефикасно да ги штити правата на граѓаните и маргинализираните групи.

Правобранителот Селами апелираше до Владата и министерството за финансии да запре кратењето на Буџетот на институцијата со која раководи.

Работењето на Народниот правобранител, неговите капацитети и државната помош, се најдоа во конечниот извештај на ЕУ и се важен дел од пристапниот процес кон Унијата, нагласија од канцеларијата на ЕУ и ОБСЕ.

 

Jumbo 2