Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Омбдусманот и Транспаренси реагираат за загадената вода во Гостивар, Влада и обвинителство молчат

/

Македонија

Сподели преку :

Народниот правобранител и невладините реагираат за случајот загадена вода во Гостивар.  Омбудсманот формираше предмет по сопствена иницијатива за да се утврдат сите околности и нарушувањето на правата на гостиварци. Побарал информации од Општината и Комуналец Гостивар, од Институтот за јавно здравје и од Центарот за јавно здравје тетово и дури вчера се добиени првичните информации.

„Меѓутоа истите не се целосни, бидејќи не ги содржат сите релевантни податоци и околности во врска со проблемот за загадувањето на водата.Од тие причини денес Народниот првобранител ќе се обрати и до други надлеж инститиции, со цел да се добијат конкретни информации“, велат од Народниот правобранител

И Телма се обиде да постави прашања до Владата за тоа дали освен со вода за пиење набавена од фирмата на градоначалникот на Кавадарци, ќе им помогне на гостиварци и на друг начин, но одговор до затворање на вестите не доби. Молчат и од обвинителството за тоа до каде е истрагата за загадувањето на водата и за недовршениот водоводен систем во Гостивар. Од таму велат дека не откриваат детали во интерес на истрагата. Матната  вода во Гостивар влезе во најматни настани на Транспаренси интернешнал овој месец.

„Самата обемност на овој настан, колку луѓе беа затруени, колку долго се жалеа луѓето на водата таму, а ништо не е спорведено, ни основни инспекциски надзори кои треба да се направат во вакви ситуации“, рече Благоја Пандовски – Транспаренси Интернешнл 

Телма вчера објави дека се намалуваат повраќањата и дијареата во Гостивар, но се појавуваат инфекции по кожата и други делови од телото поради техничката вода која некои ја користата за бањање. Бројот на заболени достигна повеќе од 4 000 илјади од водата која раководството на Комуналец ја загади поставувајќи пумпи за да се зголеми притисокот. Обвинителството отвори истрага за директорката и двајца раководители кои се во притвор, но и за недовшениот водовод, проект финансиран од Швајцарска агенција. Во меѓувреме државата го помага населението само со вода за пиење, и го хлорира системот за да го исчисти. За сега нема никаква друга одлука за помош на граѓаните на Гостивар.

Билјана Николовска

Jumbo 2