Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, а најголема фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин „Богородица“. Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), времето на чекање за преминување на границата изнесува околу 40 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да управуваат внимателно, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.













