Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

/

Македонија

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.

„Доколку бидат утврдени елементи на  кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон“ – соопштија од Јавното обвинителство.

Од Министерството за здравство известија дека досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје.

Jumbo 2