Судскиот совет чека Собранието да избере два члена од редот на истакнатите правници, но и по 10 месеци откако на Селим Адеми му заврши мандатот нов член се уште нема.
Во јуни пак пред време го испразни столчето и Павлина Црвенковска. По две пропаднати огласи и третата постапка за избор на наследник на Адеми неделава не заврши со избор.
Пратениците требаше да изберат еден од кандидатите што го минаа комисискиот филтер, но предлогот беше повлечен.
Истиот ден Собранието распиша нов оглас за 1 член на судски. 4ти по ред за 1 година.
– Ве известувам дека предлагачот го повлече предлогот за избор. Констатирам дека предлогот за избор на член на судски совет е повлечен, информираше кусо во вторникот, претседателот на Собрание Африм Гаши.
На дополнително интересирање на Телма, од Собранието ни беше кажано дека причина за ваквиот потег се измените на новиот закон за судски совет направени во јуни, а огласот е од претходно.
Загрижува тоа што огласите пропаднаа и се уште не е избран член вели Ивана Петковска од Коалицијата Сите за правично судење.
-Постпаувањето на Собранието остана необразложено за јавноста. Неформалните информации се дека привот оглас во декември беше по стариот закон па имавме нов зкаон за судски па во јуни измени на закон. ите на новиот закон за судкси совет направени во јуни, вели Петковска.
Треба што побрзо да се пополнат овие две места, вели Петковска според која многу често недостасува политичка волја да се избере вистински исткаснат правник и постсетува дека во новиот закон за судски има потесни критериуми за овој темрин.
-Во правата од последните три постпаки беше предложен инспектор од мвр и тој предлог беше повлечен . Од она што можеме да го увидиме е дека очигледно не претставува престижна функција за истканатите правници да бидат членови на судкси совет но и во политиката не се доволно мотивирани да изберат истакнати правници со интегритет и професионалци кои не би подлегнале на притисоци во постапување во Судскиот совет , додава Петковска.
Павлина Црвенковска си замина поради страосна пензија, половина година пред да и заврши мандатот. Според правните експерти спорно беше тоа што судски барал мислење односно толкување од Собранието за законсите одредби поврзани со престанокто на мандатот на членовите.
Елена Муковска













