Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одморите ги закочиле разговорите за надминување на спорот со Бугарија

/

Македонија

Сподели преку :

Колективните годишни одмори во Брисел и членките на ЕУ на неколку недели го замреле дијалогот за откочување на евроинтегративниот процес на Македонија.

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, очекува тој да се рестартира во идните неколку недели, но без конкретен одговор, дали во меѓувреме од Брисел или Софија стигнал одговор дали уставни измени со одложено дејство се за нив прифатлива опција за решение или не, откако македонската влада повоторно ја отвори темата дека во Преговарачката рамка со ЕУ нема одредба поврзана со моментот на влегување во сила на уставните измени.

  • „Јас сакам да нагласам дека позиците на нашата држава се апсолутно јасни, дека очекуваме систем на гаранции од европските институции, очекуваме почитување на реципроцитетот кога се во прашање човековите права и очекуваме да има решение кое ќе биде насочено кон заштита на нашите позиции поврзани со нашиот јазик, култура и историја“, изјави Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија.

За тоа на што е подготвена македонската влада за да се дојде до надминување на блокадата, Муцунски ги повтори црвените линии, сепак додавајќи дека во интерес на земјата е да се дојде до одржливо решение.

  • „Имаме дијалог со сите засегнати страни во овој процес. Ние, суштинската, која што го водиме тој дијалог, со земјите-членки на ЕУ, со институциите на ЕУ, коишто се насочени кон изнаоѓање на решение, во рамките на тие позиции коишто владата ги има претставено пред јавноста. Штитејќи ги националните интереси, но секогаш разбрајќи дека е потребно, во наш интерес е, да са најде некое одржливо и праведно решение“, рече Муцински.

Шефот на дипломатијата информираше дека нов амбасадор на Македонија во Бугарија ќе биде кариерниот дипломат, Крум Ефремов, кој во моментов ја извршува функцијата директор на Директоратот за економска дипломатија, за кого е завршена постапката за упатување во мисија и кој наскоро треба да ја преземе позицијата во Софија.

Инаку Македонија од вкупно 59 кунзуларно-дипломатско претставништа, без шефови на мисијата во моментов има 11 амбасади и конзулати, а во следните шест месеци им истекува мандатот на уште 6-7 амбасадори.

Тамара Грнчароска

Б.С.

Jumbo 2