Обвинителскиот тим во предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани достави негативно мислење и побара да биде одбиен предлогот за гаранција на обвинетиот Дејан Јованов.
Јованов понуди гаранција од околу 200 илјади евра, преку хипотека на недвижен имот.
Обвинителството посочува дека дел од имотот е веќе предмет на извршување и не може да биде ставен под хипотека.
Во мислењето се наведува и дека дел од понудениот имот се помошни и бесправно изградени објекти, за кои обвинителството смета дека тешко би можеле да се продадат и да ја достигнат проценетата вредност.
Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да одлучи по новото барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за притвор на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов.
Барањето е поврзано со нова истрага за кривично дело „давање поткуп“, за кое е предвидена затворска казна од една до 10 години.
Според Обвинителството, Јованов е осомничен дека дал поткуп на службено лице од Министерството за економија за да обезбеди лиценца за угостителска дејност, иако не поднел барање и објектот не ги исполнувал законските услови.
Обвинителството како причина за барањето притвор го наведува и ризикот од бегство, како и фактот дека против него се води друга кривична постапка.
Јованов досега беше во притвор во рамки на другата постапка, но законскиот рок за таа мерка истекува.
Тој понуди гаранција од околу 200.000 евра во недвижен имот, со која гарантира дека нема да побегне по евентуалното пуштање да се брани од слобода.













