Jавното обвинителство сооппшти дека на Ива Михаилова од Кочани, пред една година ѝ биле одземени два пасоша, македонски и бугарски, и ѝ била изречена забрана да го напушта градот во кој живее со обврска да се јавува кај службено лице..
Јавен обвинител ги презел сите чекори за обезбедување на ова лице и дека ризикот од бегство било меѓу клучните основи поради кои обвинителството повеќе пати давало негативно мислење на барањето за враќање на патната исправа.
На обвинетата, по предлог на јавен обвинител уште од 9-ти октомври лани, и беа одземени две патни исправи , и беше изречена забрана за преминување држацна граница со лична карта, забрана за напуштање на кочани и обврска да се јавува кај службено лице, соопштија од обвинителството.













