Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителство бара притвор за српски државјанин за криумчарење на 5000 штеки цигари

/

Македонија

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза.

Осомничениот, со намера да избегне целосно плаќање на акциза од значителна вредност од речиси 5 милиони денари на која бил обврзан со Закон за акцизите, се обидел да пренесе 5000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица.

Со камион – влекач со приколка, со српски регистарски ознаки и сопственост за превозна компанија од Србија, тој се пријавил на влез во земјава и отпочнал транзитна постапка на стока – материјал за изолација.

При контрола, над декларираната стока, царинските службеници откриле 100 картонски кутии во кои биле спакувани штеките цигари без акцизни маркички.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе се обиде да ги сокрие или уништи трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или соучесниците во кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор.

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2