Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителката не се согласува Деко и неговиот син да сведочат на судењето за 9 те полицајци

/

Македонија

Сподели преку :

За обвинителката се неприфатливи предлозите на одбраната, сопственикот на Пуулс  Дејан Јованов Деко и неговиот син да сведочат на судењето против 9 мината полицајци обвинети дека без соодветни проверки за паркинг местата  и за нарушувања на јавниот ред и мир дале согласност за Пулс да добие лиценца.  Двајца од обивнетите ги ставија на листата на докази.  Деко да каже дали обвинетите му овозможиле да стекне имотна корист преку платата која ја земал а неговиот син за тоа во какви односи бил со еден од обвинетите.

„За обвинителството ваквите предлози апсолутно беа неприфатливи, прво немаат допирна точка со она што е предмет на обвинение, ниту пак околностите коишто одбраната ги наведе како причина зошто се истите предложени како сведоци.

  Фокусот на обвинението не е само добивањето на плата на Дејан Јованов, туку цела низа на дејствија коишто биле преземени, односно недоволно преземени дејствија од страна на полициските службеници коишто довеле до непречено функционирање на правниот субјект, односно во тој временски период остварување на финансиски промет“, рече Спасенка Андонова, обвинителка во ОЈО ГОКК

Андонова се произнесе за сите листите на докази на обвинетите и според неа голем дел од доказите се неприфатливи.  Дел од адвокатите во судницата бараа судот да ги отфрли сите наводи од Обвинителството. Посочија дека обивнителстовто ги обезбедило доказите но ги доставило селективно – само оние што се во насока на обвинението.

Кои од прелдожените сведоци на одбраната же бидат повикани во судница а кои докази ќе бидат изведени ќе одлучи судијката.

Во кривчниот суд се води уште еден судски предмето за полицајци поврзан со пожарот во Пулс каде обивнети се 13 полицајци за тешки дела против општата сигурност.

Елена Ивановска Муковска

Jumbo 2