Новоизбраниот Републички јавен обвинител Љупчо Коцевски даде свечена изјава пред спикерот Јован Митрески.
Вети почитување на Уставот, законите и меѓународните договори и совесно извршување на оваа функција.
Завчера, со 62 гласа на сите присутни пратеници, Коцевски беше именуван за прв човек на Јавното обвинителство, односно за наследник на Љубомир Јовески.













