Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во јули во земјава

/

Македонија

Сподели преку :

Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во јули во земјава – покажуваат податоците од најновиот билтен на Институот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања. Од вкупниот број регистрирани случаи, девет се мажи и две се жени.

Станува збор за лица на возраст од 20 до 49 години.

ИЈЗ: Осум смртни случаи поврзани со СИДА

Триесет и осум пријави за новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во Македонија се пристигнати оваа година, заклучно со 27 ноември, според податоците што ги објави Институтот за јавно здравје во извештајот објавен по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА. ИЈЗ нагласува дека ова претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители. За споредба, инциденцата во земјите… Продолжи со читање

telma.com.mk

  • Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30.06.2026), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во С Македонија, за периодот од 1987 до 2026 година, изнесува 765 и тоа: 141 починато лице, 508 лица кои живеат со ХИВ/СИДА и 116 лица кои се водат како изгубени за следење (иселени) – се наведува во билтенот на ИЈЗ.

Од другите сексуално и крвно преносливи инфекции, во јули се пријавени седум случаи на сифилис, четири случаи на вирусен хепатитис Б и по еден случај со гонореја, инфекција со хламидија и вирусен хепатит Ц.

ОН: Поразително е намалувањето на финансирањето за борба против СИДА

Намалувањето на меѓународното финансирање за борба против СИДА (ХИВ/СИДА) имаше широки последици и предизвика шок во земјите со низок и среден приход погодени од пандемијата, соопшти во Женева Обединетата програма на ОН за ХИВ/СИДА (UNAIDS), пренесе ДПА. Намалувањето на финансирањето може да доведе до 3,9 милиони дополнителни случаи на инфекција со ХИВ – вирусот што… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2