Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов парк во Маџари

/

Македонија

Сподели преку :

Од денеска е пуштен во употреба мултифункционалниот парк во Маџари, Триангла. Паркот е со повришна од над 2 000 метри квадратни и се состои од затворен дел – паркот за миленици, фитнес зона опремена со справи за вежбање и детско катче во кое што се поставени реквизити за игри и забава.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој денеска го посети паркот, изјави дека станува збор за соодветно осветлен парк, уреден со патеки, а исто така поставен е летниковец, фонтана, клупи и друга урбана опрема.

Како што рече, паркот е комплетно хортикултурно уреден и збогатен со голем број на дрва, а и поставен е систем за автоматско наводнување. Партнер во реализацијата на овој проект е компанијата „Макстил“.

-Со овој мултифункционален парк правиме уште едно поубаво место на кое што граѓаните на Гази Баба ќе можат да се дружат, да спортуваат и да рекреираат. Сакам да се заблагодарам на „Макстил“ која беше партнер во реализација на овој проект. Паркот е изграден со средства од Општина и од „Макстил“, додаде градоначалникот.

Тој денеска најави уште еден проект организиран од Општината, а тоа се седум спортски игралишта.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој исто така денеска беше во посета на паркот, даде поддршка Општината да продолжи и во следниот период со вакви проекти.

Jumbo 2