Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема „абер“ од новиот закон за пушење

/

Македонија

Сподели преку :

Првичната замисла да започне да се применува од 1ви март се пролонгира седум месеци и уште нема ништо од законот за заштита од пушење. Предлогот заглави меѓу амандмани, комисиски расправи и нови барања за мислења.

Предлогот на Владата наиде на отпор кај пратениците, кои интервенираат со неколку амандмани. Еден од нив предвидува пушачки соби во рестораните и кафулињата.

Министерот за здравство Сашо Клековски е против амандманите и смета дека не се реални и дека отвораат простор за заобиколување на законот.

Предлагачите велат дека со тоа ги прецизираат законските одредби, но според министерот, токму ваквите решенија можат да ја заобиколат суштината на законот, заштитата од тутунскиот чад.

Да постојат во одредени земји пушачки соби меѓутоа тие се со такви техничко технолошки решенија, да кажам со негативен притисок што ние не успеваме во нашите оперативни сали да го постигнеме а камо ли да се постигне во ресторан или во друг простор. Сметам дека имавме продуктивен дијалог со угостителската комора, имавме продуктивен дијалог со другите чинители и чим ја имаме поддршката од нивна страна сметаме дека ова е оптимално решение, рече министерот.

Најавен дека експресно ќе се донесе – собранието сега го кочи, со осум амандмани. Пратениците бараат и дополнителни мислења од тутунската индустрија, која уште на стартот го оспоруваше законското решение.

Покрај мислењето на Светската здравствена организација, група на пратеници побарале дополнителни мислења за законот од домашни експерти и мислења од стопанствениците што се занимаваат со производство на тутунски производи. Штом пристигнат побараните мислења комисијата ќе ја продолжи постапката, порачуваат од собранието.

Законот во меѓувреме претрпе низа измени,  од промена на името, до ублажување на дел од првично строгите мерки.

Наместо целосна забрана за пушење во угостителските објекти, се предвидуваат посебно уредени тераси на кои ќе биде дозволено да се пуши, со две отворени страни и отворен покрив, како и посебен влез за непушачи.

Законот не го забранува производството, увозот, извозот и продажбата на тутунски производи и електронски уреди, туку ја регулира нивната употреба.

Целосна забрана за пушење се предвидува во затворени простори, автобуски и железнички станици, во автомобил доколку во него има дете. Пред одредени институции, пушењето ќе биде дозволено само на најмалку 20 метри оддалеченост.

Целта на новиот закон, според здравствените власти е заштита на граѓаните од штетните влијанија од пушењето и намалување на трошоците за лекување.

Симона Петровска

Jumbo 2