Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наместо нон пејпер ВМРО-ДПМНЕ нуди решенија во Изборната програма

/

Македонија

Сподели преку :

Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ треба да разјасни како ќе биде решено барањето на Софија и на Брисел за уставни измени, а со тоа и за евроинтеграциите на Македонија. Вака опозициската партија која претендира да освои најмногу гласови на претстојните избори ги коментира пораките на американскиот помошен државен секретар за европски и евроазиски прашања, Џејмс О`Брајан за  објавување на визијата за иднината на земјата.

ВМРО-ДПМНЕ докажано секогаш била проевропски ориентирана, а во однос на главното прашање со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ има прецизни решенија коишто ќе бидат дел од изборната програма, каде до граѓаните ќе понуди решенија и за сите други прашања за коишто граѓаните повеќе се заинтересирани, како што се решенијата за економскиот раст, справување со инфлацијата, решенија за силна економија, решенија за поквалитетно образование, за безбедно и достапно здравство, за борба со криминалот и корупцијата, решенија за справување со мафијата, рече портпаролот на партијата наум стоилковски.

По вчерашниот состанок на лидерите од Западен Балкан посветен на Планот за раст на ЕУ, О`Брајан изјави дека граѓаните на Македонија во претстојните месеци ќе имаат јасен избор меѓу визијата за движење кон Европа и – нешто сосема друго.

Сметаме дека зависи од граѓаните на Северна Македонија да решаваат за патот понатаму. Една партија предлага пат напред и прифаќа критики затоа што на некои луѓе им се допаѓа или не им се допаѓа таа насока. Друга партија ветува дека ќе смисли начин за патот понатаму. Сметам дека е правично граѓаните да ја прашаат таа партија да објави нон пејпер објаснувајќи која е нивната визија, а потоа да одлучите меѓу визијата што ја знаете и она што се дава како ветување, рече о’брајан. 

Помошникот државен секретар, барајќи нон пејпер од ВМРО-ДПМНЕ,  ги отфрли наводите дека е дојден за да поттикне потпишување поинаков нон пејпер од партиите на Албанците. Дел од медиумите на албански јазик неколку дена пишуваа дека намерата на О`Брајан е да ги обврзе овие партии на дистанцирање од оние политички субјекти кои нема да спроведат уставни измени во првите шест месеци по изборите.

Соња Николовска

 

Jumbo 2