Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР: За еден месец запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице

/

Македонија

Сподели преку :

Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се постигнати значајни резултати во борбата против организираниот нарко-криминал.

Во координирани акции низ државата биле запленети 43,3 килограми марихуана, 693 грама кокаин, 691 грам амфетамин, 141 грам хашиш, 541 таблета екстази, 69 ЛСД таблети, 14 таблети МДМА, 50 грама халуциногени печурки и други наркотични материи.

Во изминатиот месец биле поднесени 21 кривична пријава против 29 лица, извршени 131 претрес, 935 контроли на возила и 1.078 прегледи на лица, а по различни основи поврзани со трговија со дрога приведени или лишени од слобода биле 241 лице.

Меѓу позначајните акции е пресекувањето на меѓународен транспорт на околу 25 килограми марихуана на граничниот премин „Деве Баир“.

Од МВР посочуваат дека во Скопје, покрај дрога, при претреси биле запленети пари, два пиштоли и шест дигитални ваги, кои претставуваат важни докази во истрагите.

Во рамки на активностите е уапсено и 41-годишно лице од Кочани по кое била распишана меѓународна потерница, откако претходно избегало од полициска станица.

Министерството најавува дека акциите против недозволената трговија со дрога ќе продолжат со засилен интензитет, финансиски истраги и меѓународна полициска соработка.

Jumbo 2