Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР ја пронајде 14-годишната Ринеса по која трагаше два дена

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва соопшти дека 14-годишната Ринеса М. од Скопје, по која се трагаше два дена, е пронајдена.

Од таму велат дека таа ќе биде предадена на нејзиниот татко С.М. кој исчезнувањето на ќерката го пријавил на 1 февруари.

„Пронајдено 14-годишно девојче кое беше пријавено дека се оддалечило од домот. Денеска (03.02.2024) полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа Р.М. (14) од Скопје, за која нејзиниот татко С.М. на 01.02.2024 пријави дека се оддалечила од домот. Малолетничката ќе биде предадена на нејзиниот татко“, информираат од МВР.

Jumbo 2