Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски утре на средба со Петрова со пораки за решение низ дијалог

/

Македонија

Сподели преку :

Проблемот со Бугарија може да се реши само со дијалог, е дел од пораката што на утрешната средба ќе ѝ ја пренесе министерот Муцунски на својата бугарска колешка, Петрова. Билатералната средба ќе се одржи на маргините на  Меѓународната конференција на министерско ниво, посветена на Коридор 8, чиј формат и начин на одржување дополнително ќе се утврдува.

  • Во дипломатската нота стои дека форматот и начинот дополнително ќе бидат одредени. Утре ќе има средба, дали ќе буде „пул а сајд“, дали ќе биде на маргините на самитот за Коридорот 8, ќе видиме како тоа ќе го организира домаќинот. Нашите пораки се јасни – само со дијалог можеме да дојдеме до решение за состојбата во која се наоѓаме во моментот. Ние сме за добрососедски односи и сакаме што побргу да ја реализираме нашата стратешка цел да бидеме дел од Европската Унија, што е нешто што многу одамна го заслуживме, рече  Христијан Мицкоски, премиер.

Охрабрувачка, според него, е најавата за постепена интеграција во Европската Унија во која, како што рече, земјава има големи шанси бидејќи исполнува два од трите услови за старт на процесот на постепено интегрирање. Првиот услов допрва се чека, вториот е земјата да има заедничка надворешна и одбранбена политика, нешто што веќе е признаено и третиот е во делот на системот за јавни набавки – реформа за која вели дека во текот на следната недела ќе биде завршена и усвоена во парламентот. За предлогот на еврокомесарката за проширување, Марта Кос, која во име на Европската комисија предложи Советот на земјите членки „ да се укине ветото во процесот на преговорите и да се согласи на примена на гласање со квалификувано мнозинство, иако крајната можност за вето при самото пристапување останува, премиерот рече дека тоа е и нивно барање.

  • Очигледно е дека во ЕУ препознаа и се обидуваат со ваков маневар да овозможат кандидатите да дојдат до фаза да бидат членки. Тоа е многу слично како нашето барање,  промената на Уставот да стане апликабилна оној момент кога ние ќе ги завршиме преговорите – рече Мицкоски.

Преставувајќи ја стратегијата, Кос му реплицираше на бугарски европарламентарец дека и земјите членки го злоупотребуваат правото на вето и затоа бара промени во гласањето.

  • Господине Стојанов, да, и јас силно го поддржувам користењето на консензусот.  Исто така, силно се залагам за користење на консензусот, сè додека не се злоупотребува.Не, не сакаме да го укинеме; предлагаме одредени делови да станат поефикасни, а земјите-членки ќе дискутираат за тоа.И јас се согласувам со вас, билатерални прашања немаат никаква врска со процесот на пристапување.Ги повикуваме сите држави и земјите-кандидати да го решат тоа на билатерална основа, рече Кос.

Кос рече и дека му се препорачува на Советот да го „оптимизира користењето на сите веќе постојни механизми за побрзо носење на одлуки (т.е. за спречување блокади)“, заклучувајќи дека проширувањето е можно и дека, и ако има предизвици, има начини тие да се решат.

Далиборка Демјанска

Jumbo 2