Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски: ЕУ-членките мора да ги почитуваат стандардите за владеење на правото

/

Македонија

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски очекува процесот на европска интеграција да биде кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги. На заедничката прес-конференција со словачкиот министер Јурај Бланар, тој порача дека Македонија останува посветена на дијалогот со Бугарија, но очекува и земјите членки на ЕУ да ги почитуваат стандардите за владеење на правото.

Осврнувајќи се на случајот со Ива Михајлова, Муцунски оцени дека е непристојно земја членка на ЕУ да станува прибежиште за лица осудени за кривични дела или против кои се водат судски постапки. Сепак, рече дека нема намера неговите изјави да станат дел од политичката кампања во Бугарија.

„Навистина е непристојно една земја членка на Европската Унија да станува прибежиште за оние што или се осудени за сторени кривични дела или се лица за кои има степен на сомнеж и се водат постапки во рамките на судовите во државата“ – рече министерот.

Муцунски најави дека дијалогот со Софија и со земјите членки на ЕУ ќе продолжи, бидејќи за напредокот на европскиот пат е потребен консензус од сите членки.

„ Дијалог има и тој ќе продолжи. Пред неколку дена во Црна Гора се сретнав со францускиот министер за европски прашања, при што, меѓу другото, дискутиравме и за оваа тема. Денес, тука е колегата Јурај и ова беше една тема за која активно разговаравме бидејќи, нели, за сите одлуки поврзани со нашата европска интеграција е потребен консензус. Што значи, какво било решение за кое работиме со Бугарија да го постигнеме, кое хипотетички би било на линија на нашите позиции, одржливо решение, е потребно да има консензус од сите земји членки. Така што, дијалог со Бугарија има, дијалог со европските институции во врска со ова прашање има и дијалог со сите земји членки на Европската Унија. Ќе продолжиме да работиме на тоа прашање бидејќи ние во однос на европскиот пат немаме никаква алтернатива“ – рече Муцунски.

Тој рече дека во моментот нема планирано средба со бугарската колешка Велислава Петрова.

Jumbo 2