28-годишниот пациент, кој за време на одмор во Кушадаси се здоби со тешка повреда на ‘рбетот по пад од тобоган, денеска е итно пренесен во земјава и примен на КАРИЛ.
Пациентот претходно бил опериран во Турција, а по пристигнувањето е преземен од стручниот тим на Клиничкиот центар.
Лекарите во моментов ја проценуваат неговата здравствена состојба и продолжуваат со потребниот медицински третман.













