Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу денеска на прес-конференција кажа дека не е точно дека ќе поднесе оставка, иако поради собраниско-партиските блокади на законите од неговиот ресор, имаше најави за негово заминување од владата. По шпекулациите во јавноста за оставката, Алиу, како што вели нема да се откаже од тој предизвик и дека не “го познаваат добро бидејќи не се откажува.”
„Кога станувате министер Ве предлагаат од политичка партија. Јас сум министер од Алијанса на Албанците. Ако некој ми каже во очи дека овие закони се поврзани лично со моето име ќе донесам денеска и сега оставка. Досега ми е кажано дека овие закони не се во постапка заради причини во кои не верувам, ако тоа се докаже јас ќе донесам оставка пред мојата политичка партија, ќе барам таа да биде усвоена и после тоа ќе поднесам до Владата“, кажа министерот на прес-конференцијата.
Алиу на директно прашање не открива дали ТВ Алсат е медиумот поради кој се блокира Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а со тоа и целиот пакет европски закони. Министерот тврди дека нема информации зошто воопшто се блокира било кој од законите, но, дека слушнал разни работи и како што посочи “шпекулации во јавноста за тоа”.

Не може да има систем ако истиот зависи од индивидуи и нивните желби. Тогаш системот се гуши во кал. Пакетот закони кои Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ги предлага, мора да се донесат час поскоро, бидејќи тоа е од врвен интерес, порача Азир Алиу кој раководи со МИОА. „Ваков став треба да имаат… Продолжи со читање













