Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски во Њујорк разговарал со државниот секретар на САД Марко Рубио

/

Македонија

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио.

„Во Њујорк разговарав со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.
Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави.

Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник“, наведе Мицкоски.

Во објавата на Фејсбук, Мицкоски наведува и дека „во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери.

Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности“.

Jumbo 2