Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски со видео за независноста, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со преписки кој е позаслужен

/

Македонија

Сподели преку :

Премиерот Мицкоски попладнево од Брисел на социјалните мрежи објави видео по повод 35 години независност на Македонија. „Силно светнал ден!“, напиша тој на Фејсбук.

На содржината во видеото реагираше опозициската СДСМ. „Мицкоски сакаше да се пофали со независноста, а всушност објави промоција на сè она што СДСМ го изгради. Македонија има причина да биде горда. И таа гордост, во најголем дел, носи потпис на СДСМ“, пишува меѓу другото во опозицискиот коментар за видео-записот по повод независноста на државата.

„И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ. Во видеото е Киро Глигоров. Во видеото се најголемите државни успеси на Македонија. Во видеото само недостасува влезот во НАТО, како и почетокот на преговорите со ЕУ. Сè што е позитивно и државотворно во тие 35 години, е дело на СДСМ. Ниту еден вистински државен успех во овие три и пол децении, не носи потпис на ВМРО. Затоа во видеото нема место за Никола Груевски. Тие години на темнина, криминал и бегство не се за промотивни спотови. Нема место ниту за оваа актуелна Влада – затоа што нема што да покаже“, се вели во  партиското соопштение.

На ова реагираше, владејчката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги социјалдемократите дека се против независноста. Велат, видеото за независноста има обединувачка порака, а СДСМ нема капацитет да ја види големата слика.

„Сума сумарум. СДС се лутат зошто го има првиот претседател на независна Македонија во спот за независноста, кој, патем, е избран консензуално, зошто немало ништо за НАТО, а си ќутат за промената на името. Протестираат зошто нема ништо за Груевски и премеруваат кој за што е заслужен, а веројатно им е тешко што го нема Заев или друг премиер. Но, сепак, ова е спот за дел од позитивните страни во овие 35 години. За негативните уште не е снимен, но таму Заев и Венко се во главна улога, а народот сето тоа го памети“, возврати ВМРО-ДПМНЕ.

Jumbo 2