Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски реизбран – трет и последен мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ

/

Македонија

Сподели преку :

Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18-от партиски конгрес да ја води ВМРО-ДПМНЕ во наредните четири години што, според статутот на партијата, ќе биде негов последен мандат.

Според Зоранчо Јованчев, претседател на Изборната комсија, од 817 присутни делегати, 804 гласале и дале поддршка за нов мандат на Мицкоски.

На конгресот во Кавадарци тие го реизбраа Мицкоски за лидер на партијата кој беше и единствен кандидат за функцијата.

На конгресот, кој се одржа под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, беа усвоени два политички документа Стратегијата 2025–2030 и Доктрина.

По пребројувањето и соопштувањето на гласовите, следува обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

(Видео) Мицкоски пред трет мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ – во Кавадарци се одржува 18-ти Конгрес на партијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во трка по трет мандат. Од конгресот во Кавадарци кој е во тек, Мицкоски најавува дека Македонија мора да влезе во „Деценија на зрелоста“, со силни институции, дигитализација и рамноправно европско партнерство – или „Стратегија Македонија 2030“. Повеќе од 800 делегативо Кавадарци, во тек е гласањето за избор на претседател,… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2