Имаме барање, потерница и очекуваме Бугарија да го врати родителот на Ива Михаилова и да ја докажува својата невиност пред судот на правдата, изјави денеска премиерот Мицкоски за случајот со Михаилова.
Тој истакна дека е нанесена голема дипломатска штета во владата на Софија, но тоа бил нивен проблем. А наш проблем е бегалецот од правдата и бегалката, како што ги нарече, да бидат изведени пред лицето на правдата.













