Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно

/

Македонија

Сподели преку :

Покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата „М-услуги“. Ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, за младинските политики и студентскиот стандард.

Мицкоски рече дека на вчерашната средба со студентските претставници, отворено се разговарало за проблемите со кои се соочуваат студентите, условите во студентските домови и можностите за подобрување на стандардот.

Биле разгледани буџетските издвојувања за студентски стандард во 2026 година во споредба со 2022 година, пришто, според неговата оценка, средствата се двојно зголемени.

Тој објасни дека со системот би се овозможило средствата да се користат за нивната намена, односно за студентски оброк, а не за други производи.

„Имаме чувство, но и делумни информации дека голем дел од корисниците на студентскиот оброк средствата коишто ги добиваат на дебитните картички не ги користат токму за студентски оброк, туку ги користат за нешто друго“, истакна Мицкоски.

Jumbo 2