Во Топ Тема вечерва гостува директорот на ПИОМ Никола Мемов..Тој зборуваше за методологијата по која се пресметува зголемувањето на пензиите за 3% , колку пари се планирани за пензии а колку се трансферираат.
-Законот се почитуваше претходно и линеарното покачување беше според закон. Согласно закон се направи линеарни услогласување на пензиите. Во март согласно законот беше предвидено линеарно усогласување од 1000 денари и си продолжува од септември месец усогласувањето да биде согласно постоечкиот закон со швајцарската метода 50 посто за зголемување на платите и 50 посто од инфлацијата. Усогласувањето во септември ќе биде на ниво на 3 проценти во апсолутен износ тоа значи дека пензијата за месец август, за вкупниот износ на пензијата изнесуваше 9,65 милијарди денари. Сега со усогласувањето таа ќе биде околу 10 милијарди денари, изјави директорот на ПИОМ во Топ Тема Мемов.
На прашањето колку пари се потрошија со линеарното зголемување, Мемов одговори дека зголемувањето на пензиите од септември 2024 година до денеска кумулативно е 7 илјади денари за секој пензионер.
-Зголемувањето на пензиите од септември 2024 година до ден денеска кумулативно е 7 илјади денари на секој пензионер номинално. Вкупната сума на средства која преку ПИОМ се исплаќа кон пензионерите е околу 500 милиони евра повеќе пари за пензионерите во споредба со 2024 година, истакна Мемов.
Мемов рече дека проценот од три проценти не го утврдува Владата, туку се добива преку заводот за статистика.
-Владата не го утврдува процентот на усолгласување на пензиите со одредена политичка одлука. Процентот од три проценти се добива преку заводот за статистика . Пресметките од заводот за статистика кажуваат дека усогласувањето треба да биде 3 проценти. Тоа не се прави со политичка одлука. За линеарното покачување одлуката е политичка. Економските показатели покажаа дека пензијата во месец август 2024 година изнесувала 13.192 денари, додека просечната во август истата година изнесуваше 21.217 денари. Сега после овие 7 илјади денари покачувања, денеска минималната пензија изнесува 20.835 денари, а просчената е скоро 29.000. Зголемувањето кај минималните пензии е за 61 процент во однос за 2024 година. Додека просечната пензија за околу 40 посто. Ако останеше процентуалниот однос, швајцарскиот модел, овие категории на пензионери ќе земаа многу минимлано усогласување, кажа Мемов.
Мемов вели дека за 2026 за исплата на пензии се планирани 117 милијарди денари, а префрлени се 64 милијарди денари.
-Трансферот владата што го прави спрема ПИОМ на годишно ниво за 2026 година е 64 милијарди денари. За исплата на пензии потребни се 500 милиони евра. Толку пари фалат за исплата на пензии. Исплатата на пензии за 2026 година е планирана на 117 милијарди денари, планот за приходи по основ на придонеси за пензиско осигурување е 85 милијарди денари, недостасуваат 32 милијарди денари. Тоа се 500 милиони евра пари кои што недостасуваат за дирекна исплата на пензиите. Другите средства што се до 64 милијарди денари се употребуваат. ПИОМ ги плаќа за здравствено осигурување на пензионерите и ги уплаќа како транзициски трошоци, спрема пензискиоте друштва во вториот пензиски столб, објасни директорот.













