Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меѓународна средба на децата бегалци од Егејска Македонија

/

Македонија

Сподели преку :

Со пораките за зачувување на македонскиот јазик, култура и идентитет и спомените од своите родни огништа беше одбележан Денот на независноста на традиционалната меѓународна средба на децата бегалци од Егејска Македонија во Штип.

Јазикот е еден од столбовите на идентитетот, а неговото зачувување, особено надвор од границите на Македонија, е обврска на секоја генерација порачаа делегациите на здруженијата „Мирка Гинова“ од Штип и „Македон“.

Македонците се признато малцинство во Албанија, но во Голо Брдо и Гора, се уште немаат можност за образование на мајчин јазик, рече поранешниот градоначалник на Пустец и граѓански активист Едмонд Темелко.

Посочи дека со новата територијална поделба, Пустец останува македонска општина. За македонската заедница, тоа е важна потврда, но останува да се реализира барањето и во останатите општини Голо Брдо и Гора, да се изучува македонскиот јазик.

Штипското здружение „Мирка Гинова“ над 20 години е иницијатор на средбата на децата бегалци од Егејска Македонија и на Денот на независноста нивни гости се и претставници на здруженијата од Албанија, Бугарија и Грција.

Викторија Димитрова Јованова

Jumbo 2