Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Малолетник со пиротехника запалил куќа на сосед

/

Македонија

Сподели преку :

Полицијата соопшти дека во Кисела Вода синоќа била запалена куќа на 70-годишен скопјанец. Куќата била запалена од пиротехнички средства кои кон куќата ги фрлало малолетно дете.

Пожарот бил изгаснат и немало повредени, а во истрагата биле повикани и родител на малолетникот и социјален работник. МВР дополнително ќе соопшти каков поднесок ќе биде поднесен.

Целото соопштение на МВР:

-Денеска (24.01.2024) во полициска станица, во присуство на родител, претставник на центарот за социјални работи и адвокат, бил извршен службен разговор со малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека на 23.01.2024 околу 17.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, со употреба на пиротехнички средства, предизвикал пожар во куќа сопственост на Б.Т.(70) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во дневниот билтен на МВР.

Jumbo 2