Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонците потешко до стан во Скопје отколку Грците во Солун покрај море

/

Македонија

Сподели преку :

Скопје сè уште може да се пофали со најниска просечна цена на становите споредено со некои поатрактивни градови во регионот, но со просечната плата Македонците не можат да се пофалат дека најбргу ќе си купат стан.

За оваа анализа зедовме за пример неколку градови од 5 држави во регионот. Покрај Македонија, ги набљудуваме и Србија, Црна Гора, Грција и Албанија.

Според официјалните статистички податоци од локалните државни институции, најниската просечна цена за метар квадратен стан е во скопски Центар, 1.950 евра.

Во Албанија, на пример, квадратот во Тирана во просек чини 2.500 евра и интересно е што во приморските развиени градови, како Валона, Драч и Саранда становите се поевтини и просекот изнесува 2.200 евра.

Просечна цена на новоизградените станови во Црногорскиот главен град Подгорица е 2.510 евра, додека во приморските градови Бар, Будва, Херцег Нови, Котор, Тиват и Улцињ надминува  2.800 евра.

Интересна е состојбата во Солун и Белград.

Иако излегува на море, Солун има пониска просечна цена за квадрат стан, околу 2.650 евра, додека во српската метропола просекот надминува 2.900 евра.

Но, што значат овие цени во однос на куповната моќ на локалното население?

Анализирајќи ја можноста за купување стан само врз основа на два параметри: просечна цена на квадрат стан и просечна плата, Македонците треба одвојат повеќе свои плати за да си купат стан во најатрактивните населби во Скопје, отколку на пример Грците за да си купат стан во Солун покрај море.

Со просечна плата од 787 евра, за да купи стан од 50 квадрати во скопски Центар Македонецот треба да одвои вкупно 124 такви плати, односно да работи само за тоа 10 години и 4 месеци.

За разлика од нас, Грците со просечна плата од 1.100 евра можат да си дозволат стан во централното подрачје на Солун за точно 10 години работа.

Црногорците, пак, со просечна плата од 1.036 евра, стан во Подгорица може да заработат за 10 години и 1 месец, но ако сакаат да имаат апартман покрај море ќе треба да работат скоро 11 и пол години.

Иако имаат речиси иста просечна плата како и Црногорците, Србите (чија просечна плата е 1.027 евра) ќе треба повеќе да се потрудат за стан во централниот регион на Белград.

Таму 50 квадрати би купиле за скоро 12 години (11 години и 10 месеци).

Албанија е државата со најниска плата, 782 евра, што патем е за само 5 евра пониска од нашата.

Но, со поскапи цени на становите нашите западни соседи ќе треба да работат скоро 13 и пол години за стан во Тирана, односно 11 години и 9 месеци за стан покрај море.

Мирјана Јовеска

Jumbo 2