Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава.
Како што соопшти спикерот, одлуката е донесена согласно Уставот, Изборниот законик и важечките закони.
Гаши ги повика надлежните институции да го спроведат изборниот процес професионално, непристрасно и во согласност со законските процедури, а кандидатите и политичките субјекти да водат достоинствена изборна кампања.
Упатен е и повик до граѓаните на Брвеница да излезат на изборите и да го остварат своето демократско право.
Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница се распишани затоа што почина градоначалникот Јовица Илиевски, со што неговиот мандат престана по сила на закон.
Илиевски беше кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и победи на локалните избори во Брвеница во вториот круг, одржан на 2 ноември 2025 година, во тесна трка со кандидатот на Вреди, Хаќим Рамадани.













