Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левица: Земјоделците повторно на улица, „решението“ на ДПМНЕ не издржа ни четири дена

/

Македонија

Сподели преку :

Левица денеска преку писмено соопштение, информираше дека им дава целосна поддршка на „струмичките земјоделци кои повторно излегуваат на улица за да го одбранат својот труд и својата егзистенција“.

Пред неполни две недели Серафимовски им продаде приказна за „договор“ со откупувачите, а договорените цени не издржаа ни четири дена. Токму како што предупредивме, без законски регулирана минимална откупна цена и без механизам со кој државата ќе го обврзе откупувачот, договорот се покажа како обична фарса: пиперката повторно се откупува по 25, а според земјоделците и по 20 денари – велат од партијата.

Левица ја обвини власта дека заборавила на ветувањата, но како што додаваат оттаму, „земјоделците знаат колку ги чини една сезона производство“.

Знаат дека со цена која не ги покрива трошоците не можат да ги прехранат своите семејства, а камоли да продолжат да произведуваат следната година – велат од Левица обвинувајќи дека власта им овозможила на земјоделците да аплицираат за новите субвенции, откако со месеци биле оставени без пари за минатата.

-Така изгледа односот на оваа власт кон човекот што произведува: државата не му обезбедува сигурна минимална откупна цена, не му обезбедува сигурен пласман, доцни со субвенциите, го гледа во очи и лаже, а потоа очекува тој да биде благодарен за некаков неформален договор со откупувачите. Затоа денешниот протест на земјоделците е важен: покажува дека има луѓе кои не прифаќаат политичко замачкување на проблемот и дека не се откажуваат затоа што Владата еднаш ги удостоила со состанок – се посочува во партиското соопштение.

Левица бара законски регулирана минимална откупна цена за сите земјоделски култури, утврдена според реалните производствени трошоци.

Бараме и државни откупни центри, со кои производителот ќе има каде да го предаде и складира родот и нема веднаш по бербата, кога е најранлив, да биде принуден да ја прифати цената на откупувачот – порачуваат од Левица.

 

Jumbo 2