Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левица: Спротивно на Закон, студентскиот оброк три години не е покачен

/

Македонија

Сподели преку :

Партијата Левица денеска преку писмено соопштение реагираше дека спротивно на закон, сумата за субвенционираниот студентски оброк не е покачена.

-Откако неколкупати ѝ укажавме на Весна Јаневска дека студентскиот оброк останал закован на 140 денари од 2023 година, министерката реши да оди чекор подалеку и сега соопшти дека не планира ни да го зголеми, бидејќи, замислете, „студентите не се пожалиле“. Ова веќе го оценуваме како кулминација на дрскоста – велат од Левица.

Од партијата потсетуваат дека студентскиот оброк изнесува 140 денари уште од 2023 година.

На 14 август 2024 година, веќе со Јаневска на чело, МОН распишува јавен повик за субвенциониран студентски оброк во износ од 140 денари. Во април 2025 – повторно 140 денари. За академската 2025/2026 – повторно 140 денари. И денес повторно за 140 денари. Доволно е Министерката да го отвори најновиот јавен повик на сопственото Министерство. Таму нема ни 147, ни дополнителни 20 денари со кои продолжува да лаже дека се зголемил студентскиот оброк по доаѓањето на ДПМНЕ, реагира партијата.

Од Левица реагираат и дека цените на храната не се исти како во моментот кога билл утврден овој износ, но сепак, студентската субвенција е иста.

-Никој од власта не предлага тие први да се откажат од удобностите што ги плаќаат граѓаните за да покажат дека може да се живее скромно. Но кога станува збор за студентски ручек, одеднаш секој денар е проблем и студентите требало прво да молат за да добијат нешто што не е милостина од ДПМНЕ, туку законски уредено право. За власта комфор, за студентот 140 денари и совет да не се жали. Тоа е целата младинска политика на ДПМНЕ – додаваат од Левица.

Jumbo 2