Радикализација, односно блокирање на работата насобранието најави координаторот на пратеничката група на Левица, ако не биде прифатен нивниот предлог за платеното политичко рекламирање.
Ќе почекаат да видат дали другите партии ќе се согласат за нов дијалог, и каков ќе биде исходот од предлогот на министерот за правда, Јетон Шасивари, а ако нема разговори за новиот изборен законик, ќе поднесат закон со кој се укинува платеното политичко рекламирање.
Блокадата е крајниот потег, доколку не се најде фер начин за рекламирање на сите партии.













