Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левица: Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови

/

Македонија

Сподели преку :

Левица обвинува дека Министерството за образование и наука повторно не обезбедило целосна транспарентност при распределбата на местата во студентските домови. Иако МОН ги објави резултатите од конкурсот, од партијата велат дека нема јавно достапни ранг-листи со освоените бодови на кандидатите.

Според Левица, токму бодовите се клучни за да може да се утврди по кои критериуми е примен еден студент, а друг одбиен кога за едно место конкурираат повеќе кандидати.

Од партијата се повикуваат на Правилникот за начинот на прием на студентите во државните студентски домови, кој предвидува објавување список на студенти со добиените бодови. Како дополнителен аргумент ја посочуваат и ревизијата на Државниот завод за ревизија, кој претходно констатирал недостатоци во процесот на рангирање.

Левица наведува дека за конкурсот за академската 2022/2023 година, ревизорите не добиле документација со која би се потврдило дека Министерството извршило бодирање согласно пропишаните критериуми. Апликациите, според ревизијата, биле обработувани рачно и внесувани во Excel-табели без бодирање.

„Отсуството на бодовни ранг-листи овозможува субјективно постапување при распределбата на местата и фаворизирање на дел од студентите“, велат од Левица, повикувајќи се на констатациите на ДЗР.

Од Левица бараат и објаснување како студентите можат ефективно да поднесат приговор на рангирањето доколку немаат увид во својата позиција на листата и бројот на освоени бодови.

 

Jumbo 2