Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лефков: Филипче и талогот на СДС за дата центрите се најдоа на линија и против САД и против својот пратеник Ковачевски

/

Македонија

Сподели преку :

Венко Филипче и талогот на СДС освен што шират лаги, манипулации и паника меѓу граѓаните, за дата центрите успеаја да се најдат и на линија против стратешкиот партнер на Македонија, САД, ама и на линија против ставови на свои сопартијци – истакна денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој на денешната прес конференција рече дека САД се најголем конкурент на Кина во оваа индустрија со дата центрите. Токму затоа, како што истакна, „во креирање на јавното мислење во САД против дата центрите вклучени се многубројни профили од Кина“.

„Филипче исто така се најде и на спротивна страна со поранешниот премиер од СДС, Димитар Ковачевски, актуелен пратеник кој јасно ја поддржа идејата за развој на оваа индустрија. Ковачевски вчера јавно ги објасни работите, меѓу другото и на Филипче, и укажа на користа за Македонија од дата центри како национален, така и од евентуалните идни приватни дати центри“, рече Лефков и обвини дека опозициската партија „тоне од ден на ден“.

 

Jumbo 2