Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кузеска: СДСМ бара целосна истрага за сите скандали со Јанушев

/

Македонија

Сподели преку :

Возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е фатен со обележани евра. Барал мито- поткуп за да „среди“ вработување како пожарникар во Противпожарната бригада на Град Скопје. Сега Јанушев сега оградува – реагираше денеска на прес конференција, Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Овој скандал отвора едно клучно прашање: каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито? Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник? Возач нема никаква моќ да вработува. Но генерален секретар на Влада, како Игор Јанушев, кој воедно е член и на Извршниот комитет на ВМРО ОКГ има“, изјави Кузеска.

Таа обвини дека „ова е втор скандал оваа година поврзан со кабинетот на Јанушев“.

„Посебен советник за економски прашања во кабинетот на Генералниот секретар на Владата беше дел од групата осомничени за лихварство и за перење пари. Според документи од Бугарија, Јанушев, е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил, Бугарија. Дејност: патен линиски превоз на стока. Управител Кире Гешоски, трет партнер Сашо Апостоловски – сите од кругот на Мицкоски. Фирмата пријавува годишен промет од околу 320.000 евра“, додаде Кузеска.

Таа рече дека Јанушев „има бугарски пасош, бугарско државјанство, а во ниту еден анкетен лист до ДКСК не го пријавил бугарскиот капитал“.

Таа повика истрагата да се прошири и за „фирмата во Бугарија, за поклонетиот имот и за целата мрежа околу Владата на Мицкоски“.

Jumbo 2