Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против директор на УХМР, како и за девет вработени во управата и фирми за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.
Според МВР, директорот потпишал тендер со фирма кој бил спротивен на одредбите на Етичкиот кодекс на Светска метереолошка организација, на кои се обврзал со договор од 2023 година.
И покрај тоа што фирмата не ги исполнувала условите, немала понудено цени, а критериум за избор бил „најниска цена“ бил склучен договорот и со тоа и била овозможена имотна корист од околу 475.000 евра.
Директорот донел и втора одлука за избор на битолска фирма за набавка за печатење промотивен работен материјал и ситен инвентар, со што ѝ донел имотна корист од околу 12.700 евра.
Останатите вработени, членови на Комисија за спроведување на набавки и контролор од Секторот за финансии, според пријавата, иако знаеле дека тендерите не се согласно условите, овозможиле да се реализираат.
Според информации на Телма, кривичната пријава се однесува за претходното раководство на УХМР, предводено од в.д директор.
Телма ТВ се извинува што првично објави дека кривичната пријава е против актуелниот директор на институцијата. Воедно се извинуваме за настаната забуна.













