Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА ги истакна профилот на кандидатот што партијата ќе го поддржи на претстојните претседателски избори.
Тој притоа не лицитираше со имиња, иако потенцира дека актуелниот претседател Стево Пендаровски одлично ја вршел функцијата во изминатите пет години и ги застапувал вредностите кои ги споделува СДСМ.













